Либерализацијата на пазарот на електрична енергија носи конкуренција, нов квалитет за потрошувачите, а крајниот ефект е пониска цена на струјата. Скопската компанијата Ген-И-продажба на енергија, која е дел од словенечката групација Ген енергетика од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) доби лиценца за снабдување со електрична енергија. Компанијата досега располагаше со лиценца за трговија со електрична енергија, а со новата, која е за снабдување, и станува конкуренција на ЕВН Македонија. Како што велат енергетските експерти, тоа значи дека со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, која стапува од први април 2014 година, за 242 компании и сите комерцијални објекти и од први јануари 2015 година за сите домаќинства, покрај од ЕВН Македонија тие ќе можат да купуваат струја и од Ген-И.
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија носи конкуренција, нов квалитет за потрошувачите, а крајниот ефект е пониска цена на струјата.
Скопската компанијата Ген-И-продажба на енергија, која е дел од словенечката групација Ген енергетика од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) доби лиценца за снабдување со електрична енергија. Компанијата досега располагаше со лиценца за трговија со електрична енергија, а со новата, која е за снабдување, и станува конкуренција на ЕВН Македонија.
Како што велат енергетските експерти, тоа значи дека со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, која стапува од први април 2014 година, за 242 компании и сите комерцијални објекти и од први јануари 2015 година за сите домаќинства, покрај од ЕВН Македонија тие ќе можат да купуваат струја и од Ген-И.
Тоа значи дека и компаниите и домаќинствата самостојно ќе можат да изберат од кој трговец ќе се снабдат со струја и по која цена. Конкуренцијата треба да донесе и нов квалитет, односно намалување на цената на електричната енергија.
Тие при снабдувањето на потрошувачите Ген-И ќе треба да ја користи постојната дистрибутивна мрежа на ЕВН Македонија, а за тоа ќе плаќаат соодветен надомест. Реализацијата ќе ја надгледува РКЕ, односно во согласност со Акцискиот план имаат обврска најдоцна до 30 ноември годинава да донесат и тарифник за системот за продажба на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.
На пазарот на електрична енергија постојат и 44 трговци на струја на кои што РКЕ им даде лиценца, но само неколку компании од овие учествуваат со значителен процент во колачот.
Пазарот на електрична енергија во земјава досега е либерализиран околу 40%, бидејќи од мај 2007 година сите потрошувачи на струја приклучени на преносната мрежа околу 55% од своите потреби ги обезбедија на слободниот пазар на електрична енергија.
Од ЕВН Македонија сметаат дека либерализацијата на пазарот е реалност и нејзиното спроведување е обврска од потпишувањето на Атинскиот меморандум за пристапување кон енергетската заедница.
- Либерализацијата носи многу предизвици и сите учесници на тој отворен пазар треба да се подготвени и свесни и за придобивките и за обврските што оваа промена ги носи. Либерализацијата ја спроведува Регулаторот на пазарот, а она што е обврска на ЕВН Македонија е да биде подготвена за отворениот пазар, да понуди како и секогаш квалитетна, стабилна и сигурна услуга. Ние сме подготвени и на тие процеси работиме подолго време користејќи ги домашните и надворешните искуства од пазарите каде ЕВН е присутна. Наша обврска е почитување на пазарните правила, а наша цел е задоволување на потребите на нашите корисници - велат од ЕВН Македонија.